@zoranzaev

Зоран Заев

Unknown

Instagram posts and videos uploaded by zoranzaev

zoranzaev

class="content__text" 🇲🇰🇹🇷Денес преку Фондацијата Заев - едно општество за сите, заедно со компаниите “Мамас” и “Тотал инженеринг”, испративме 22 тони разновидна конзервирана храна, како хуманитарна помош за турскиот народ, односно за граѓаните од регионите погодени од катастрофалниот земјотрес. Испраќаме јавна благодарност до Турската амбасада во Северна Македонија за одличната соработка при реализацијата на хуманитарната помош. Сочувствуваме со нашите пријатели, особено со семејствата кои изгубија свои ближни и останаа без своите домови. Се молиме за сите кои поминаа низ агонијата, а на повредените во земјотресот им посакуваме побрзо оздравување и враќање во нормалните текови на живеење. Да останеме луѓе, да останеме пријатели, но никогаш, ама баш никогаш и никаде низ светот, да не се случи тоа што се случи на турскиот и сирискиот народ.

February 22, 2023

zoranzaev

class="content__text" Благодарам на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија кој ми додели специјално признание за исклучителен придонес за развој и афирмација на спортот, во рамките на настанот „Златна Олимпија“ која се одржа во Скопје, а на кој беа доделени награди за најуспешните жени во спортот за 2022 година. Покрај тоа, со искрена верба за придонес кон развојот на партнерските односи, со претседателот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, Даниел Димески, потпишав четиригодишен договор за соработка помеѓу Олимпискиот комитет и Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“. Ќе соработуваме во организација на заеднички активности за унапредување, поддршка и развој на граѓанското општество, а пред сè во областа на културата, спортот, уметноста, јавното здравје, олимписката едукацијата на младите, заштита на животната средина и др.

January 01, 2023

zoranzaev

class="content__text" Еве ги плодовите од Преспа, ни носат радост на сите кои зборуваме македонски јазик, на сите Македонци. Им честитам на основачите на Центарот за македонски јазик во Грција и на сите граѓани на Северна Македонија и Грција кои се радуваат на овој убав чин кој е особено важен како уште една потврда за блиските релации меѓу двете земји. 🇲🇰🇬🇷 Им благодарам и на поранешниот и на сегашниот премиер, Ципрас и Мицотакис, за вербата и посветеноста во градењето искрено пријателство и добрососедство.

December 01, 2022

zoranzaev

class="content__text" „Отворен спортски Балкан“ е насловот на една од работните сесии на вчерашниот симпозиум на Асоцијацијата на спортски новинари. Тоа ме поттикна да зборувам за регионалната соработка и за иницијативата Отворен Балкан која треба да биде вистински урнек и за другите земји од регионот па и пошироко, затоа што на најубав можен начин ја промовира и афирмира довербата, како искрена форма на изнаоѓање најкус пат до прогресот и подобрата иднина. Ние може да се разликуваме по многу нешта, но заеднички треба да ни биде стремежот кон таа иднина. Отворен Балкан не е ништо друго, туку отворена можност за непречена билатерална или мултилатерална соработка на сите можни полиња, вклучително и на полето на спортот. Така се гради пријателство. Така се оди напред. Така се чува и надградува мирот.

December 01, 2022

zoranzaev

class="content__text" За мене постои само една и единствена награда за мир, а тоа е – мирот! Придонесот кон мирот на Асоцијацијата на спортски новинари е од огромно значење ако се има предвид потребата од мировни дејствија во времиња на војна. Им благодарам на спортските новинари за признанието за мир, спорт и добрососедство кое ни го доделија мене, на мојот пријател и поранешен премиер на Грција, Ципрас, како и на поранешниот претседател на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, почитуваниот Васил Тупурковски. На настанот присуствуваше и грчкиот новинар Јанис Дарас, потпретседател на светската асоцијација на спортски новинари и спортски новинари од Република Грција. Од тука, од Струмица, сакам уште еднаш да ја истакнам големината и важноста на спортскиот и општествен ангажман на струмичките спортски великани како што се Благој Истатов, Горан Пандев, Владо Илиевски, Никола Ѓоргиев и уште многу други, кои го промовираа и го промовираат македонскиот спорт во меѓународни рамки.

December 01, 2022

zoranzaev

class="content__text" Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, на Организацијата на Обединетите нации на чело со нејзиниот генерален секретар @antonioguterres , како и на сите земји членки на @unitednations , им го честита 24 Октомври – Денот на Обединетите нации. Ако татковината – Република Северна Македонија е наш дом, дом на сите граѓани и народи кои живеат во неа, тогаш Организацијата на Обединети нации е заедничкиот дом на сите 193 земји од светот кои се нејзини членки. Овој дом е и наш дом, овој ден е и наш ден, бидејќи сме земја членка, земја која следната година ќе одбележи 30 години од своето членство во ОН. Денес, кога светот го демнат бројни опасности, пред Обединетите нации е исправен предизвикот за изнаоѓање соодветни решенија за секоја од тие опасности. Тоа значи максимален влог и доследно исполнување на основните цели на ОН: да го одржува меѓународниот мир и безбедност, да развива пријателски односи меѓу нациите врз принцип на почитување, еднакви права и самоопределба на народите, да постигнува меѓународна соработка при решавање на меѓународни проблеми од економски, општествен, културен или хуманитарен карактер и да биде центар за усогласување на националните постапки за постигнување на заеднички цели. Граѓаните, народите и земјите од сите светски меридијани заслужуваат подобар свет, свет на разбирање, соработка и градење мостови, свет со сите неопходни услови за достоинствен живот. Под закрилата на Обединетите нации, таквиот свет мора да биде наша реалност. Нека е честит и вековит 24 Октомври – Денот на Обединетите нации.

November 01, 2022

zoranzaev

class="content__text" Најстабилна и најсигурна е енергијата од домашните капацитети и затоа Северна Македонија мора да продолжи со целосна имплементација на Националната стратегија за енергетика. Така ќе продолжиме со создавање поволни услови за привлекување домашни и странски инвестиции во енергетиката - ова денес го порачав пред студентите на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово каде што на нивна покана одржав предавање на темата „Енергетиката и инфлацијата“. Имаме сонце за фотоволтаици, имаме места со поволни ветрови за ветерни електрани, имаме можност со интерконекторот со Грција да имаме диверзификација на изворите за природен гас за да не зависиме само од Гаспром. Ќе ги имаме азербејџанскиот гас, катарскиот, американскиот гас, со потенцијал да се пренесуваат со гасовод до Косово и Србија. Сето тоа се вредни, вековни инвестиции во енергетиката. Со таква стратегија и со инвестиции во капацитети од обновливи извори на енергија ќе ги зајакнеме домашните капацитети за да го надоместиме дефицитот од 30% што сега го покриваме со увоз на електрична енергија.

November 01, 2022

zoranzaev

class="content__text" Со слоганот „Мал дар – многу љубов“, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, по повод 16 Октомври – Светскиот ден на храната и 17 Октомври – Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата, на 150 семејства од социјално ранливи категории од Битола, Штип, Кичево, Куманово и Струмица, им додели вредносни ваучери од 2000 денари.   Храната, како насушна потреба на секој човек и семејство, е една од главните компоненти за живот без сиромаштија. За жал, глобалната реалност вели дека еден дел од светот гладува, а останатиот има храна во изобилие, па дури големи количества храна и се фрлаат. Таквата слика мора да биде променета.   Борбата за храна и борбата против сиромаштијата треба да биде наша заедничка борба. Притоа, да дејсствуваме согласно овогодинешната глобална порака за Светскиот ден на храната – „Никого не оставај зад себе“. Таквиот ангажман сигурно ќе најде своја рефлексија и врз одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата.   Нашиот заеднички стремеж треба да биде: храна за сите, сиромаштијата за никого. А до исполнувањето на тој стремеж, нужно е да останеме луѓе, да бидеме човечни кон секого.   https://zaevfoundation.org/mal-dar-mnogu-lubov/?lang=mk

November 01, 2022

zoranzaev

class="content__text" 💗🌸🎀 Праќаме порака за борба, борба за живот. Навременото откривање на ракот на дојка значи откривање реална шанса за живот. Затоа, постојано апелираме – секоја жена навреме да се прегледува – навременото откривање е предуслов за ракот на дојка да биде може да биде излечен. Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше перики на пациентки кои се лекуваат од рак на дојка посакувајќи им брзо и успешно оздравување.

November 01, 2022

zoranzaev

class="content__text" По повод одбележувањето на Октомври како месец за борба против ракот на дојката, Зорица Заева и Д-р Венко Филипче од име на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, во придружба на директорот на Универзитетската клиниката за радиотерапија и онкологија Д-р Нино Васев и вработени во Клиниката, донираа перики на 15 пациентки кои се лекуваат од рак на дојка на оваа клиника, посакувајќи им брзо и успешно оздравување. Во услови кога расте бројот на заболени од карцином на дојка, но, за среќа, се намалува процентот на смртноста од ова малигно заболување, потребно е, повторно и повторно, да се укажува на најважните нешта кои се во функција на поефикасно справување со болеста. Навременото откривање значи откривање реална шанса за живот. Затоа, постојано апелираме – секоја жена навреме да се прегледува – навременото откривање е предуслов за ракот на дојка да биде може да биде излечен. Сите заслужуваат здравје, сите заслужуваат живот. Борбата против ракот на дојката не е само нивна. Наша е, на секој од нас, на секој поединец, агенција, институција, невладина организација, фондација. Праќаме порака за борба, борба за живот. ➡️ https://zaev.org/mesec-oktomvri-mesec-za-borba-protiv-rak-na-dojkata/?lang=mk&fbclid=IwAR3GukAwnXVYPX66pUgAHBbx_bKwQiG_VlwTJbOfgRx6JnqGrUGhQElWuuI

November 01, 2022

zoranzaev

class="content__text" Децата мора да бидат наш најважен приоритет. Тие тоа го очекуваат од нас. Тие тоа го заслужуваат. Да им овозможиме ДЕТЕТО ДА БИДЕ ДЕТЕ.   По повод Детската недела која годинава се одбележува под мотото „Борете се за детските права“, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со финансиска и морална поддршка ја помага активноста за одбележување на Неделата на детето од страна на ЈОУГД „Детска радост“ – Струмица, во која се вклучени 350 деца од големите групи на оваа институција. 
Декларацијата за правата на детето е донесена пред 33 години од Генералното собрание на Обединетите нации. Македонскиот потпис на оваа Декларација ни дава до знаење дека сме должни да ги почитуваме правата на детето како неделив сегмент од севкупните човекови права.   ➡️ https://zaev.org/borete-se-za-detskite-prava-nedela-na-deteto-2022/?lang=mk

November 01, 2022

zoranzaev

class="content__text" По повод Меѓународниот ден на старите лица, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донира реквизити за рекреација и спорт на Здружението на пензионери – Струмица. Старите лица заслужуваат живот по нивна мерка. Да ги почитуваме за да бидеме почитувани и ние, оти веќе „утре“ ќе бидеме на нивното место.   Стареењето на населението е една од карактеристиките на 21 век. Демографијата вели дека светот старее, а бројот на старите лица се повеќе станува доминантен. Се претпоставува дека оваа значајна социјална трансформација, за само една деценија, ќе доведе до пораст на старите лица за 46% на глобално ниво, а во наредните децении се очекува тој број да порасне и до 20% од севкупното светско население. Тоа значи дека бројот на старите лица ќе биде поголем од сите други популации во светот.   Старите лица не се кои било лица. Тоа се нашите, мајки и татковци, тоа се нечии баби и дедовци. Тоа се луѓето во кои се акумулирани искуството, знаењето и мудроста. Тоа се луѓето кои низ својот животен и работен век оставиле мноштво неизбришливи траги и вредности, давајќи значаен придонес во градењето и прогресот на заедницата, општеството и човештвото.   Нашите сегашни и идни ангажмани треба да бидат насочени кон обезбедување квалитетен и достоинствен живот на старите лица. ➡️https://zaev.org/international-day-of-older-persons/?lang=mk&fbclid=IwAR3nj2FSSx3OBW5dJBZ6ks8XLRkcN_3ChJTDR3RkwFF-T0EP08kggKgFZBE

November 01, 2022

Similar accounts

natgeo

284.3m followers

@natgeo
iamcardib

169.3m followers

@iamcardib
ddlovato

157.4m followers

@ddlovato
realmadrid

152.8m followers

@realmadrid
chrisbrownofficial

145.3m followers

@chrisbrownofficial
fcbarcelona

125.6m followers

@fcbarcelona
championsleague

113.4m followers

@championsleague
gal_gadot

109.3m followers

@gal_gadot
sooyaaa__

77.4m followers

@sooyaaa__
premierleague

72.7m followers

@premierleague
theweeknd

71.7m followers

@theweeknd
urvashirautela

70.3m followers

@urvashirautela

Disclaimer

The data provides is not authorized by TikTok. We are not an official partner of TikTok.

Use of materials from the resource is permitted only with a link to our resource.

Copyright © 2024 insiflow.com