@zoranzaev

Зоран Заев

Unknown
class="content__text"
 По повод Меѓународниот ден на старите лица, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донира реквизити за рекреација и спорт на Здружението на пензионери – Струмица. Старите лица заслужуваат живот по нивна мерка. Да ги почитуваме за да бидеме почитувани и ние, оти веќе „утре“ ќе бидеме на нивното место.
 
Стареењето на населението е една од карактеристиките на 21 век. Демографијата вели дека светот старее, а бројот на старите лица се повеќе станува доминантен. Се претпоставува дека оваа значајна социјална трансформација, за само една деценија, ќе доведе до пораст на старите лица за 46% на глобално ниво, а во наредните децении се очекува тој број да порасне и до 20% од севкупното светско население. Тоа значи дека бројот на старите лица ќе биде поголем од сите други популации во светот.
 
Старите лица не се кои било лица. Тоа се нашите, мајки и татковци, тоа се нечии баби и дедовци. Тоа се луѓето во кои се акумулирани искуството, знаењето и мудроста. Тоа се луѓето кои низ својот животен и работен век оставиле мноштво неизбришливи траги и вредности, давајќи значаен придонес во градењето и прогресот на заедницата, општеството и човештвото.
 
Нашите сегашни и идни ангажмани треба да бидат насочени кон обезбедување квалитетен и достоинствен живот на старите лица.

➡️https://zaev.org/international-day-of-older-persons/?lang=mk&fbclid=IwAR3nj2FSSx3OBW5dJBZ6ks8XLRkcN_3ChJTDR3RkwFF-T0EP08kggKgFZBE

class="content__text" По повод Меѓународниот ден на старите лица, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донира реквизити за рекреација и спорт на Здружението на пензионери – Струмица. Старите лица заслужуваат живот по нивна мерка. Да ги почитуваме за да бидеме почитувани и ние, оти веќе „утре“ ќе бидеме на нивното место.   Стареењето на населението е една од карактеристиките на 21 век. Демографијата вели дека светот старее, а бројот на старите лица се повеќе станува доминантен. Се претпоставува дека оваа значајна социјална трансформација, за само една деценија, ќе доведе до пораст на старите лица за 46% на глобално ниво, а во наредните децении се очекува тој број да порасне и до 20% од севкупното светско население. Тоа значи дека бројот на старите лица ќе биде поголем од сите други популации во светот.   Старите лица не се кои било лица. Тоа се нашите, мајки и татковци, тоа се нечии баби и дедовци. Тоа се луѓето во кои се акумулирани искуството, знаењето и мудроста. Тоа се луѓето кои низ својот животен и работен век оставиле мноштво неизбришливи траги и вредности, давајќи значаен придонес во градењето и прогресот на заедницата, општеството и човештвото.   Нашите сегашни и идни ангажмани треба да бидат насочени кон обезбедување квалитетен и достоинствен живот на старите лица. ➡️https://zaev.org/international-day-of-older-persons/?lang=mk&fbclid=IwAR3nj2FSSx3OBW5dJBZ6ks8XLRkcN_3ChJTDR3RkwFF-T0EP08kggKgFZBE

November 01, 2022

Disclaimer

The data provides is not authorized by TikTok. We are not an official partner of TikTok.

Use of materials from the resource is permitted only with a link to our resource.

Copyright © 2024 insiflow.com